ВИДЕО | Битиќи: Правиме ревизии на сите компании кои добија, а не исплатија средства, работиме на системски решенија

Шестиот пакет на мерки, опфаќа седум мерки со кои се таргетирани најпогодените сектори од корона кризата, со вредност од 17,8 милиони евра, пришто ќе се поддржат 10.000 компании, кои вработуваат околу 60.000 граѓани.

-Шестиот пакет мерки се најави дента кога донесовеме одлука за затворање на угостителскиот сектор, односно одредени делови од угостителскиот сектор. Во суштина се обидувaме да собереме соодветни бројки за да можеме да излеземе со моделот. На крајот увидовме дека ќе имаме голем проблем ако ги чекаме резултатите од првото тромесечије и се одлучивме да земеме друг период кој е пресметковен. Вo тие анализи дали да одиме со законско репшение или со повик секако требаше владина одлука. Рековме дека ќе одиме со отворен повик преку пријавување. Ќе биде на едноставен начин, ќе треба да припаѓаат на таа дејност, соодветно се пријавуваат, сите имаат завршна сметка, затоа рековме да не го усложнуваме процесот. Од нивна страна ни треба од нивна страна изјава од морална и кривична одговорност дека податоците кои ги даваат се веродостојни. Потоа од Централниот регистари од УЈП ќе ги земеме податоците и соодветно ќе ги исплатиме, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи во интервју за Утрински брифинг.

За жал констатацијата беше дека ние наидовме на едно неразумно однесување во период на економска криза. Петиот пакет заглави два месеци во Собранието, мерките од четвртиот пакет заглавија четири месеци. Од четвртиот пакет имавме три мерки кои од ноември месец, вчера беа изглaсани. Тоа се пари за стопанството, а тоа се оние кои креираат работни места и кои ги исплаќаат нашите сограѓани, изјави во Утрински Брифинг заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Правиме ревизии на сите компании кои добија средства, но ги немаа исплатено. Има низа на кривични пријави. Над 200 компании се во прашање, но како поминуваше времето бројот на овие компании се намалуваше и беа исклучени од останатите мерки. Парите не е возможно да се исплаќат директно на работниците, бидејќи така ќе се направи целосна дисторзија на правилата на пазарот. Не сме ние работодавачите за да ги исплаќаме, но затоа сме должни да ги казнуваме оние кои нема да ги дадат овие плати, изјави Битиќи.

Тој го образложи и шестиот пакет мерки од владата за македонската економија и граѓаните.

Шестиoт пакет има вкупно 7 мерки, две од нив се спроведуваат преку Развојната банка. Пет од мерките се однесуваат на туристичко-угостителскиот сектор. За тие кои што беа затворени во овој временски период ќе добијат компензација на 30% од приходите кои ги имале во просек 2019-2020. Доколку месечниот приход бил милион денари, они треба да земат 30% компензација за деновите кога биле затворени. 75% од времето беа затворени, значи околу 225.000 денари и плус по 15.200 денари за секое вработено лице, вели Битиќи.

Оние кои се подолгорочно затворени и биле делумно затворени – ресторани за свадби, фитнес центри, компании за организирање настани … го добиваат истиот модел, се зема просек еден месец, 30% компензација плус 15.2000 денари за вработен. Сето ова е еднократна помош, додава Битиќи.

-Со естрадните музичари сме имале низа на состаноци. Еден од клучнит епроблеми е што ниту политичарите, ниту оние како професија успеале да влезат во системот. Ние го добиваме спроисокот на естрадни уметници од Здруженија, па после правиме верификација за пријавени приходи ако евентуално имаат. Но ова е моментот кога почнуваме работите системски да ги решаваме, вели Битиќи.

За мене нема мали и големи, разговорам со сите, но да не заборавиме една работа – занимавајќи се со битни работи , но од помал карактер, не треба да ги заборавиме оние кои се битни и носат повеќе. Во Македонија има 360 компании кои носат 44% од приходите од даноци во државата. Затоа државата е тука, да ги гледа големите и малите. Затоа сум рекол – туристичко-угостителскиот сектор е битен, но нивната вредност не оди над 2% од БДП годишно, изјави Битиќи.

Економска мерка е плаќањето на ПЦР тестови за странските туристи. Кога збориш за економска мерка треба да станеш конкурентен на целиот Балкан. Размислување на воведување на safety travel. Нашите граѓани услугите на јавното здравство не ги наплаќаат. И јас знам дека она што е осигурано во јавното здравство е за сите трошоци, вели Битиќи.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот