ВИДЕО | Барселона го „реши“ Виљареал за едно полувреме

Барселона - Виљареал/20 Октомври 2022/фото: EPA-EFE/Enric Fontcuberta

Барселона во 10. коло од Ла Лига на „Камп Ноу“ го совлада Виљареал со 3:0.

Натпреварот против Виљареал Барселона го реши во последните 15 минути од првото полувреме кога Каталонците постигнаа три гола. До водство стигнаа преку Роберт Левандовски кој ја погоди мрежата после нафрлувањето на Жорди Алба.

Четири минути подоцна Левандовски повторно се најде во центарот на вниманието. Одлично ја прими топката на 20-тина метри и спектакуларно погоди за 2:0. Точка на натпреварот стави Феран Торес во 38. минута.

Можеше тимот на Чави да постигне уште некој гол во овој натпревар, сепак како да недостасуваше концентрација во завршницата од акциите. Од друга страна Виљареал не покажа скоро ништо на овој натпревар и го одигра еден од најлошите натпревари во сезоната.

Барселона и понатаму заостанува три бода зад Реал Мадрид, Каталонците имаа 25 бода од можни 30, а Реал 28. Виљареал не блеска оваа сезона и се наоѓа на деветтата позиција со 15 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот