ВИДЕО: Барса го згази Јувентус во првиот натпревар откако Меси си замина од клубот

EPA-EFE/Alejandro Garcia

Фудбалерите на Барселона гтриумфираа на „Жоан Гампер купот“ откако го совладаа Јувентус со 3:0.
Натпреварот помина во знакот на заминувањето на Лионел Меси кој денеска имаше проштелна прес-конференција на која објави дека сеи заминува од клубот во кој помина 21 година.

Навивачите на „Камп Ноу“во 10. минута го скандираа неговото име, а на трибините беа поставени дресови со името на Меси.
На теренот, улогата на „Меси“ ја имаше Мемфис Депај кој уште на стартот ја искористи асистенцијата на новата ѕвезда Јусуф Демир за водство од 1:0.

Во второто полувреме, во 57 минута, Депај овој пат беше во улога на асистент, а реализатор беше Мартин Брајтвајт. Конечниот резултат го постави Рики Пуџ во судиското продолжение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот