ВИДЕО: Баерн не е толку моќен без Левандовски
Баерн Минхен изненадувачки одигра само 1:1 против Унион Берлин во 28. коло во Бундеслигата.
Баварците на втор натпревар по ред не успеваат да победат, во средата загубија од ПСЖ во Лигата на шампионите и покажаа дека тешко доаѓаат до бодовите кога во тимот го нема најдобриот играч, Роберт Левандовски. Баерн поведе до голот на младиот Мусаила во 68. минута, но во самиот финиш доживеа шок кога гостите преку Ингвартсен во 86. минута постигна гол.
Киксот на Баерн го искористи Лајпциг кој со убедливи 1:4 славеше на гостувањето кај Вердер и на шест кола до крајот на сезоната, негативата во однос на лидерот ја намали на пет бода.
Лајпциг работата ја заврши уште во првото полувреме кога водеше со 0:3 благодарение на головите на Олмо и на Сорлот (два гола). Во вториот дел и двете екипи дадоа по еден гол, Рашица погоди за Вердер, додека конечниот резултат го постави Забивер.
Ајнтрахт Франкфурт се поизвесно е дека ќе игра во ЛШ следната сезона откако го совлада Волфсбург со 4:3 и сега има дури десет бодови предност пред Борусија Дортмунд во битката за четвртата позиција на табелата.
Резултати:
Баерн – Унион Берлин 1:1
Ајнтрахт – Волфсбург 4:3
Херта – Борусија М. 2:2
Вердер – Лајпциг 1:4