ВИДЕО: Баерн му го нанесе првиот пораз на Фрајбург во Бундеслигата

Нова победа на Баерн Минхен во Бундеслигата/ фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Фудбалерите на Баерн Минхен во дербито на 11 коло во Бундеслигата со 2:1 го совладаа Фрајбург и останаа на лидерското место на табелата со 28 бодови, четири повеќе од Борусија Дортмунд која ја очекува дерби пресметка со Лајпциг.

Згора на тоа, баварците му го нанесоа првиот пораз на Фрајбург во Бундеслигата и кој остана на третото место со 22 бода.

Баерн поведе со голот на Леон Горецка во 30. минута кога по асистенцијата на Томас Милер излезе сам пред голманот Флекен и немаше проблеми да ја затресе мрежата на гостите.

Надежите дека Фрајбург ќе може да го избегне првиот пораз сезонава траеја се до 75. минута кога Роберт Левандовски зголеми на 2:0. Во судиското продолжение, гостите преку Хаберер успеаја да го ублажат поразот.

Победа на домашен терен оствари и Бохум кој со 2:0 славеше над Хофенхајм. Човек на одлука беше Новотни кој во 66. минута го отвори резултатот, а во седмата минута од продолжението Пантовиќ ја потврди победата на Бохум.

Волфсбург славеше со 1:0 против Аугсбург благодарение на голот на Нмеке, додека Арминија е единствениот гостински тим кој победи. Арминијата со 0:1 го совлада Штутгарт, а стрелец на единствениот гол беше Окугава во 19. минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот