ВИДЕО: Атлетик Билбао сè поблиску до ЛШ, Жирона ја губи трката со Реал Мадрид

фото: EPA-EFE/Luis Tejido

Во рамките од 25 коло од најсилното шпанско фудбалско првенство екипата на Атлетик Билбао со 3:2 ја совлада Жирона.

По првото полувреме водеа домаќините со погодокот на Беренгер реализиран уште во втората минута.

На стартот од вториот дел израмнија гостите преку Циганков, а потоа за период од четири минути Атлетик Билбао постигна два гола.

По втор пат во листата на стрелците се запиша Беренгер во 56 и Вилијамс во 60 минута. До крајот на мечот гостите успеаја само да го ублажат поразот во 75 минута со голот на Е. Гарсија.

На табелата Жирона е на втората позиција со 56 бодови, шест помалку од водечкиот Реал Мадрид, додека Атлетик Билбао е на петтото место со 49 бодови, зад третопласираната Барселона (54) и Атлетико Мадрид (51) на четвртата позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот