ВИДЕО: Арсенал рутински до првите бодови сезонава во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

Фудбалерите на лондонски Арсенал со победа ја отворија сезоната во Премиер лигата совладувајќи го на домашен терен Нотингем форест со 2:1.

„Топџиите“ подобро влегоа во мечот, а во првите 45 минути во два наврати ја затресоа мрежата на „шумарите“. Најпрво во 26 минута Енкетиа го искористи мајсторскиот потег на Мартинели, се намести и прецизно го погоди далечниот агол од шеснаесетникот.

Потоа, само шест минути подоцна, Букајо Сака со одличен удар од работ на шеснаесетникот ја затресе мрежата, за предност од два гола.

Во текот на целиот натпревар Арсенал ја држеше топката во свој посед, а со тоа го диктираше и темпото на игра. Во финишот малку го намалија темпото, што Нотингем успеа да го искористи и го внесе натпреварот во драма во 82 минута со голот на Авонији.

До крајот на мечот немаше промена на резултатот, иако и Букајо Сака од далечина ја погоди стативата. Арсенал со тоа ги прокнижи првите три бода во новата сезона, откако Манчестер сити во петокот ја отвори сезоната со 3:0 против Барнли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот