ВИДЕО | Халанд двоен стрелец, Манчестер Сити со победа ја започна одбраната на титулата

Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Со натпреварот помеѓу Барли и Манчестер Сити вечерва започна новата сезона во Премиер лигата, а бранителот на трофејот не дозволи изненадување.

Избраниците на Пеп Гвардиола запишаа сигурна победа од 3:0 на гостински против новајлијата во Премиер лигата. Натпреварот рано беше отворен, Ерлинг Халанд најави уште една одлична сезона и стрелаше уште во четвртата минута.

Во 26. минута поради повреда теренот мораше да го напушти Кевин Де Брујн, а на негово место влезе засилувањето од Челси Матео Ковачиќ.

До крајот на првото полувреме Халанд уште еднаш се запиша во листата на стрелци и веќе обезбеди сигурна предност за својот тим.

Во второто полувреме резултатот Родри по асистенцијата се запиша и во лидтата на стрелци за конечни 3:0. Возбудувањата во Премиер лигата продолжуваат веќе утре и задтуре со новите натпревари од првото коло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот