ВИДЕО | Антиќ: Јокиќ игра со срце – кој знае што може да се случи ако игра со 100 проценти

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Перо Антиќ во интервјуто за познатиот портал „Јурохупс“ зборуваше на многу теми, меѓу кои и за српскиот центар на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, моментно еден од најдобрите НБА кошаркари.

Јокиќ е првиот фаворит за освојување на МВП наградата во НБА, што би му успеал третпат по ред. Претседателот на македонската кошаркарска федерација, Антиќ, кој и самиот има големо искуство во НБА, смета дека Јокиќ може да игра уште подобро.

– Тој игра со срце. Не му е грижа за парите. Ако имаш талент и се трудиш, пари ќе дојдат. Сака кошарка и ужива во играта. Лука Дончиќ е ист. Мислам дека Јокиќ игра со 50 проценти. Ако игра со 100 отсто, кој може да замисли што може да се случи – рече Антиќ за споменатиот портал специјализиран за кошарка.

Нашиот поранешен репрезентативец зборуваше и за периодот кога настапуваше за Фенербахче каде тренер му беше Жељко Обрадовиќ, а соиграч Богдан Богдановиќ.

– Ако Жељко Обрадовиќ е луд по кошарка, Богдановиќ е двојно полуд. Тој ми беше цимер, ги гледаше натпреварите до четири часот наутро. Му реков да спие, дека имаме натпревар. Неверојатен е, му посакувам сè најдобро – се зборовите на Антиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот