ВИДЕО АНКЕТА: Скопјани за добрите и лошите страни на ТикТок – трошење време или забава без ограничување?

Анкета / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

ТикТок е социјална мрежа која овозможува корисниците да креираат и споделуваат кратки видеа со пријателите и следбениците. Со неговата едноставна употреба и разновидни можности за едитирање, ТикТок станува се популарен и во Македонија. Оваа апликација го претставува вистинскиот начин за изразување на креативност која навидум нуди можност на корисниците да се поврзат со милиони корисници од целиот свет.

Сепак, има некои контроверзни видеа на оваа платформа кои можат да влијаат врз менталното здравје и безбедноста на следбениците, кои повеќе часови дневно поминуваат на мрежата, гледајќи различни видеа и постирајќи сопствени содржини или имитираат кореографии, а некои се дрзнуваат без размислување да ги следат постапките на други, што може да има и фатален исход.

Се упативме во центарот на градот за да ги прашаме младите генерации за влијанието на ТикТок платформата во секој аспект. Дали тие се чувствуваат безбедно користејќи ја апликацијата? Дали има доволно добри содржини и дали треба да се доведе забрана или ограничување на апликацијата во нашата држава по последните случувања во регионот?

Проследете ја целата анкета …

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот