ВИДЕО: Андреј Јакимовски со рекорд на кариерата во НЦАА лигата

фото: kfsm.mk

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски со најдобар учинок во неговата кариера во новиот натпревар за Вашингтон Стејт. Јакимовски ноќеска го одигра својот најдобар поентерски меч откако е дојден во составот на Вашингтон Стејт, и беше најзаслужниот за победата на популарните „Кугарс“ на средбата против Аризона Стејт (75:58).

Нашиот играч на паркетот беше 31 минута, а за тој период постигна 22 поени што е негов нов личен рекорд во НЦАА лигата во кариерата.

Скор подобар од досегашниот кој изнесуваше 19 поени, а ги реализира пред две години. На овој натпревар кој долго ќе го памети, Јакимовски реализираше пет тројки од 10 обиди, а додаде уште седум скока и три асистенции, за вкупен индекс 24.

Македонското репрезентативно крило долго време се мачеше со повреди, пропушти голем дел од сезоната, а досега одигра само 11 мечеви.

По овој триумф, Вашингтон Стејт Универзитетот се наоѓа на деветтата позиција во Пацифик-12 дивизијата и моментно има биланс од 10 победи и 13 порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот