ВИДЕО | Андоновиќ: Уште не претставена, новата црногорска влада на Кривокапиќ обвинета за непотизам

Здравко Кривокапиќ/ Фото: SAVO PRELEVIC / AFP / Profimedia

Мандатарот на новата црногорска Влада, Здравко Кривокапиќ, денеска ќе го претстави конечниот предлог за состав на 42-та Влада на Црна Гора. Според најавите, програмата и предлогот за состав на новата влада мандатарoт Кривокапиќ ќе ги достави до Собранието, а седницата на која пратениците ќе се изјаснат за неа е закажана за 2 декември.

Во пресрет на конечната листа на имињата за министри во новата влада, медиумите во Црна Гора започна со шпекулации и обвинувања за персоналните решенија на идните министри. Медиумите го посочуваат името на идниот министер за финансии, Милојко Спајиќ дека е во врска со ќерката на мандатарот и идниот премиер Здравко Кривокапиќ.

Спајиќ е предложен како независен ексепрт, а всушност е во блиска роднинска релација со мндатарто, обвинуваат медиумите. Поставувањето на својот иден зет за министер за финансии претставува грубо кршење на процедурите и има елементи на конфликт на интереси, обвинуваат медиумите и опозицијата во Црна Гора.

Критиките за владиниот кабинет се насочени и кон ветувањата на Кривокапиќ кој во пресрет на најавите на новата црногорска влада најавуваше дека во владата во Подгорица нема да седат партски решенија туку исклучиво експерти докажани во својата област, без разлика на ниваната политичка или партиска определба.

Подгоричките медиуми забележуваат дека во листата на имиња на новите министри речиси сите членови се од неговата партија и партијата на коалиционите партнери и дека речиси нема ниту еден независен експерт предложен за ресорен министер.

Сепак, конечниот список на министрите во новата црногорска влада ќе биде познат на втори декември кога пратениците во црногорскиот кабинет треба да расправат и да дадат зелено светло за почеток на работата на владата на Здравко Кривокапиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот