ВИДЕО | Андоновиќ: Тензии во Црна Гора – владата на Кривокапиќ пред оставка поради резолуцијата за Сребреница

Здравко Кривокапиќ
Здравко Кривокапиќ / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Лидерите на партиите што го сочинуваат парламентарното мнозинство во Црна Гора ќе се состанат во четврток во 17 часот за да разговараат за понатамошните чекори со цел надминување на актуелната политичка криза, предизвикана од усвоената резолуција на црногорскиот Парламент за геноцидот во Сребреница.

Резолуцијата беше предложена од Бошњачката партија и опфаќа осуда на извршениот геноцид врз муслиманите во Сребреница од страна на српските воени сили за време на граѓанската во Босна во деведесетите години на минатиот век.

На оваа резолуција му претходеше неколку месечното натегање на министерот за Малцинство во владата на Кривокапиќ, Владимир Лепосавиќ, кој како припадник на српското население кое живее во Црна Гора одбиваше да ја прифати расправата за резолуцијата за геноцид.

Ден пред донесувањето на одлуката за осуда на геноцидот во Сребреница, беше разрешен министерот Лепосавиќ, кој преставуваше последна пречка за донесувањето на оваа резолуција. Овој потег на премиерот Кривокапиќ и црногорското собрание предизвика жестоки реакции меќу Србите кои живеат во Црна Гора, но и во Белград,

Имено партиите на српското население во Црна Гора, сметаат дека благодарејќи на нивната подршка Кривокапиќ станал премиер.

Поради ова тие се почуствуваа измамени поради промената на политиката на Кривокапиќ, особено што тој благодарејќи на српската поддршка на минатогодишните избори и литиите на српската православна црква во Црна Гора успеаја да го урнат 30-годишното владеење на Мило Ѓукановиќ и го поставија Кровокапиќ за нивен преставник.

Откако црногорскиот премиер не се договори да го озакони имотот на СПЦ во Црна Гора, но и оваа резолуција, Србите и српските партии во Црна Гора бараат оставка на актуелната влада.

За оваа политичка криза дополнителен удел има и Белград. Освен што се почувствува изневерен од црногорскиот братски народ, Србија смета дека со оваа резолуција се осудува цел еден народ односно дека Србите се геноциден народ, а Србија геноцидна држава.

Црна Гора пак оцени дека Резолуцијата за геноцидот во Сребреница не е насочена против ниеден народ и држава, а најмалку против српскиот народ и Србија и дека однесувањето на српските власти по усвојувањето на тој документ не смее биде начин на меѓудржавна комуникација и севкупните односи.

Актуелниот престедател Мило Ѓукановиќ чија партија ги загуби минатогодишните избори и кој Белград го се смета за главен инспиратор за нарушувањето на односите со Србија, обвини дека Србија манипулира со резолуцијата за геноцид бидејќи сака да ја ставио под контрола владата во Подгорица.

Односите на до неодамна двете блиски и братски држави дополнително се усложнети поради одлуката на Црна Гора како земја членка на НАТО да ја признае независноста на Косово, што предизвика и двете држави да ги повлечат своите амбасадори и така подолго време да имаат прекин во меѓусебните дипломатски односи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот