ВИДЕО | Андоновиќ: Се радикализираат „црвените линии“ во пресрет на средбата Бајден-Путин

Џо Бајден и Владимир Путин / Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Американскиот претседател Џо Бајден ја започна својата европска турнеја, со посета на Велика Британија, што е прво негово официјално патување во странство, откако е избран за претседател. Тој ќе присуствува на состанокот на Г-7, каде главни теми на Самитот ќе бидат процесот на вакцинација, корона-кризата, трговијата и климатските промени.

Повеќе од извесно е дека патувањето во Европа повеќе има за цел да се испрати порака, отколку да се склучат конкретни договори. Експерти оценуваат дека негов главен приоритет ќе биде да ја убеди јавноста дека неговата политика не е само кратко отстапување од американската надворешна политика која ја водеше неговиот претходник Доналд Трамп, туку дека е истраен во плановите.

Негова желба е да ги убеди европските сојузници да ја поддржат неговата стратегија околу сузбивање на коронавирусот, но и стратегијата на проверка на економските конкуренти како Кина. Се очекува Бајден и останатите лидери од Г-7 да објават инфраструктурен финансиски план за развој кој е замислен како директен противник на кинескиот план „Појас и пат“.

Што се однесува на средбата во Женева, тој се надева дека ќе успее да го убеди Путин да запре со „провокации“ како што се кибер напади, затворање на опозиционерот Алексеј Навални и новите обиди на Русија за мешање во американските избори.

Но оваа средба на Бајден и Путин преставува сериозен предизвик ако се земе во предвид дека се случува во време на најлоши и најтензични односи меќу Вашингтон и Москва по „Студената војна“, која финишираше во осумдесетите години на минатиот век.

На средбата Бајден треба да го погледне во очи Путин, кого пред два месеци директно го нарече „убиец“. Од друга страна Путин треба да го објасни притворањето на опозиционерот Навални и подршката која ја дава на Белорусија и престедателот Лукашенко кој е обвинет од западот дека спроведува диктатура. Дополнителна тензија предизвика бегањето на некои од руските опозиционери од Русија, кои обвинуваат дека во пресрет на парламентарните избори во септември би можеле да бидат уапсени доколку му се спротистават на актуелниот претседател Путин.

И додека се подготват темите на разговори, меѓу кои е и притворот на Навални, Московскиот суд донесе пресуда со која организациите поврзани со опозицискиот лидер Алексеј Навални треба да се сметаат за екстремистички.

Судот во Москва пресуди дека организациите поврзани со Навални се екстремистички

Таа одлука влегува во сила веднаш и тие организации се распуштени и мора да престанат да работат. Навални издржува затворска казна во траење од две и пол години за обвиненија што ги негира.

Како контра удар кон Москва доаѓа одлуката на Украина со која бројното руско население кое живее во Украина во регионите Доњецк и Луганск да го прогласи неавтохоно население. Тоа, според оваа одлука значи дека Русите во Украина се доселени, па затоа и немаат никакви права за евентулно свое одделно управување со областите кои живеат.

На оваа одлука реагираше рускиот претседател Путин кој оцени дека одлуката на Украина е провокација и кршење на меќународните правила и закони. Од друга страна ова практично значи зголемување на тензиите меѓу Мосва и Киев ако се земе во предвид дека Русите од Украина одамна не ја почитуваат владата во Киев и тежнеат да ги отцепат регионите во кои живеат и да ги приклонат кон Русија.

Ова сигурно ќе биде една од темите на Бајден и Путин бидејќи Вашингтон се залага за влез на Украина во НАТО и ЕУ, додека тоа Москва не го дозволува.

За тоа дали ќе се договорат или само ќе ги продлабочат разликите околу глобалните теми, Бајден и Путин ќе расправаат на 16 јуни во Женева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот