ВИДЕО | Андоновиќ: САД се подготвуваат во исто време за инаугурација на нов и за импичмент на стариот претседател

Фото: EPA-EFE/SHEALAH CRAIGHEAD / WHITE HOUSE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

За првпат во историјата САД се сочуваат со подготовка за инаугурација на нов претседател и за отповикување на стариот. И покрај недавањето на согласност на републиканските преставници, Претставничкиот дом на Конгресот усвои резолуција за отповикување на Доналд Трамп врз основа на 25-от амандман.

Резолуцијата го повикува потпретседателот Мајк Пенс да поведе постапка предвидена со 25-от амандман на американскиот Устав, за претседателот Доналд Трамп да биде ослободен од должностите. Отстранувањето на претседателот, според 25-от амандман, подразбира дека потпретседателот и мнозинството членови на кабинетот на претседателот изјавуваат дека претседателот не е способен да ја извршува својата уставна должност.

Потпретседателот Мајк Пенс има рок од 24 часа да каже дали е подготвен да постапи според усвоената резолуција. Но пред гласањето, Пенс ја информираше спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, дека се спротивставува на активирање на 25-от амандман.

Пенс изјави дека не верува дека евентуалното поведување постапка против Трамп е во интерес на нацијата најавувајќки дека дека енергијата на сегашната администрација е насочена кон обезбедување на уреден трансфер на власта и тој апелираше до неа и до другите членови на Конгресот да избегнуваат потези што „дополнително ќе ги поделат граѓаните и ќе ги разгорат страстите“.

И покрај противењето на Пенс демократите денска ќе гласаат за оваа резолуција. Доколку Претстваничкиот дом го отповика Доналд Трамп, тој ќе стане единствениот американски претседател кому ова му се случило двапати во текот на неговиот мандат.

По ова во Сенатот треба да се одржи сослушување и да се донесе одлука дали Трамп ќе биде сменет од функцијата, и покрај фактот дека седницата веројатно ќе трае подолго од седумте дена, колку што преостанаа до истекот на неговиот мандат. Но целта на демократите е преку оваа резолуција целсно да го сузбијат Трампизмот, односно доколку биде отповикан да добие забрана за занимавање со политика и неговите политички амбиции да биде претседателски кандидат на изборите во 2024 година. Трамп зад кого на последните избори гласаа околу 74 милиони Американци јавно изјави дека е подготвен да формира трета политичка опција, и на следите избори да им се спротистави на демократите и републиканците во трка за освојувања на власта.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот