ВИДЕО: Ајакс доминантен против Ренџерс, Спортинг убедливо славеше во Франкфурт

Маркус Едвардс ја започна гол серијата на Спортинг против Ајнтрахт/Франкфурт, Германија/7 септември 2022/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Фудбалерите на Ајакс на свој терен убедливо со 4:0 го совладаа шкотскиот Ренџерс во првиот натпревар од групата „А“ од Лигата на шампионите.

Холандскиот гигант на „Јохан Кројф Арена“ веќе во првото полувреме го реши прашањето на победникот, во периодот од 17 до 33 минута постигна дури три гола. Првиот беше дело на Мартинез, вториот на Бергхуис, додека Кудус зголеми на 3:0.

Во вториот дел од играта Ајакс си ја заврши работата и одигра колку што беше потребно за да го одржи и зголеми водството. Се играше 80 минута кога Бергвајн ги постигна конечните 4:0.

Во првиот меч од групата „Б“ триумфираше екипата на Спортинг, која во Франкфурт го совлада германскиот Ајнтрахт со резултат 0:3.

Сите три гола на Португалците дојдоа во второто полувреме, во 65 минута Едвардс ја затресе мрежата на Ајнтрахт, само две минути подоцна Тринкао погоди за 2:0, а Сантош во 82 минута го постави конечниот епилог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот