ВЕТИНГ: Само се збори, никој не презема конкретна акција

Партиите на големи ѕвона го најавуваат ветингот на судиите, обвинителите, политичарите, но засега до Собранието нема пристигнато ниту една иницијатива за проверка на нивниот имот. Ваквата информација за „Слободен печат“ ја потврдија собраниски извори кои велат дека во архивата нема регистрирано таков предлог закон за ветинг.

Како тема привлечна за ловење на гласови пред избори, партиите наголемо ја консумираат. Ветингот е во фокусот, особено откако некои судии дадоа ослободителни пресуди за екс премиерот Груевски, но и откако завчера беше пуштена во домашен притвор поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева. Но засега конкретна акција нема. Од партиите велат дека не се брзале, ќе чекале по изборите.

ДУИ кои први го отворија прашањето за ветинг и уште во јуни најавија драфт верзија, не се достапни за коментар, до каде е подготовката на законот.

Прочитајте и...  Здравствени работници бараат изземање од посебните избирачки одбори кои треба да го спроведат гласањето кај лицата со Ковид-19 во понеделник

Нивниот став е дека случајот „Рекет“ и вклучувањето на повеќе општествени елементи ја наметнале потребата за ветинг на сите политичари, на сите судии и на сите обвинители без никаков исклучок.

Од СДСМ велат дека процесот на ветинг ќе го започне по победата на предвремените парламентарни избори. Но предупредуваат дека релевантните инстиутции и искуството на државите околу нас кои започнале да го спроведуваат ветингот во судството укажува на тоа дека целиот процес треба да се одвива многу внимателно.

„Од таа причина ќе ја вклучиме домашната експертска јавност секако и ќе комуницираме со меѓународни експерти, а се со цел најдобро да го имплементираме процесот на ветинг без да бидат нарушени одредени постапки кои би ги засегнале граѓаните. До тој момент неколку пати ја повикуваме ДКСК, сите судии и јавни обвинители без исклучок“, велат во СДСМ.

Прочитајте и...  Вучиќ за протестите: Никогаш нема да ме уплашат и да ме скршат

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека методологијата на ветингот е согласно развојот на партиската програма со која ќе се претстават на предвремените парламенти избори, веднаш по доаѓањето на власт со суштинска ветинг процедура во која ќе бидат опфатени сите сфери.

„Навлегување во суштината на функционирање на инстиутцијата во којашто се врши ветингот, темелејќи се на вредности и професионалниот ангажан кој ќе го има лицето кој е предмет на ветинг, а не ветинг како што прави СДСМ каде што единствен услов е да си со партиска книшка, да си близок до Заев, Спасовски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пред неколу години Хрватска ваквиот проблем го реши со измени во Кривичниот законик во кои стои, доколку функционер стори кривично дело за време на вршење на својата функција, застареноста се прекинува, односно истата почнува да тече од моментот на престанокот на функцијата.

Прочитајте и...  Родителите на деца од школска возраст се враќаат на работа, но не и оние кои имаат деца во градинка

На ваков начин речиси не постои можност делото да застари. На пример, доколку министер стори кривично дело за време на вршење на својата функција, застареноста почнува да тече од моментот на престанок на мандатот.

Доколку судија или обвинител сторат кривично дело за време на вршење на својата функција, во тој случај застареноста почнува да тече по констатирање дека ги исполниле условите за старосна пензија. Исто така, Кривичниот законик на Хрватска предвидува и построго казнување на функционери, во однос на други сторители за исти кривични дела, поаѓајќи од фактот дека функционерите треба да имаат повеќе развиена свест од останатите и да служат за пример пред другите граѓани.

Прочитај повеќе

Грчките демонстранти ја нападнаа полицијата, во тензична атмосфера донесен законот за јавни собири (ВИДЕО)

МИА Агенција

Мајка херој: Пред да загине во пожар – го фрли од тераса тригодишниот син, го фати маринец и го спаси (ВИДЕО)

Слободен печат

Седум судански министри поднесоа оставка

Слободен печат

Дел од Карпош утре без вода

Слободен печат

Шекеринска: Ние не плаќавме за стиропори кои глумат мермер, напротив решивме парите да заминат во малите бизниси

Слободен печат

Моќно торнадо ја погоди Минесота, настрада маж кој работел во гаража (ВИДЕО)

Марина Дамческа

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Врховниот суд на САД донесе важна одлука против Трамп поради која тој збесна

Слободен печат

Кучиња откриваат коронавирус во Обединетите Арапски Емирати

Слободен печат

СЗО ја поддржа теоријата за пренос на коронавирусот преку аеросоли, дадоа нови насоки

Слободен печат

Брнабиќ: Со мирни протести го покажуваме демократскиот капацитет

Слободен печат

Митрески: Нашиот план е до 2024 година да отвориме околу 80 отсто од поглавјата со ЕУ

Слободен печат

Мицкоски: Ние се бориме против оние кои го хушкаат народот за да си делат тендери, да возат „мајбах“

Слободен печат