Веста дека Роналдо своите хотели ги претворил во болници за коронавирус е ЛАЖНА

Кристијано Роналдо /

Многу медиуми денеска ја пренесоа веста на угледниот весник „Марка“ дека Кристијано Роналдо, своите хотели во Португалија, Франција и Шпанија ги претворил во болници за лечење на болните од коронавирусот. „Марка“ исто така објави дека Роналдо ќе ги плаќа лекарите и медицинскиот персонал кој ќе се грижи за болните.

Но, неколку часа подоцна, „Марка“ ја избриша веста и од својот сајт и од социјалните мрежи бидејќи станува збор за лажна вест, а исто така немаше никаква потврда од самиот фудбалер.

„Кризата во Португалија не е толку голема за да има недостиг од болници и медицински установи што би се користеле како карантин. Дури и доколку ситуацијата ескалира, постојат бројни државни згради кои многу полесно би биле користени како болница отколку луксузен хотел. Се тврдеше дека престојот на пациентите ќе биде бесплатен, што е глупост, исто како и фактот дека Роналдо би ги плаќал лекарите, што е уште една невистина бидејќи сите медицински лица кои учествуваат во оваа борба се платени од државниот буџет“, објавија португалските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот