Велика Британија е втора земја во светот со повеќе од 40 илјади смртни случаи од Ковид-19

Луѓе го користат топлото време за да прошетаат и спортуваат во познатиот Гринвич Парк / Април 2020, Лондон, Велика Британија / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Велика Британија стана втора земја во светот по број на починати од коронавирусот со 40.261 смртни случаи, откако здравствените власти денеска соопштија за уште 357 смртни случаи.

Според британскиот весник „Гардијан”, се верува дека вистинскиот број на смртни случаи од Ковид-19 е уште поголем затоа што во податоците спаѓаат само оние кои се тестирани на вирусот.

Луѓе го користат топлото време за да прошетаат и спортуваат во познатиот Гринвич Парк / Април 2020, Лондон, Велика Британија / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Според Министерството за здравство, регистрирани се уште 1.650 новозаразени, со што вкупниот број на случаи на коронавирус во Велика Британија изнесува 283.311.

Водечките британски лекари и научници го повикаа премиерот Борис Џонсон денеска да нареди подготовки на Велика Британија за вториот бран на коронавирусот оваа зима, предупредувајќи дека многу повеќе луѓе ќе умрат ако земјата не го подобри својот одговор на Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот