Вардар во сабота ги „пали моторите“

fkvardar.mk

Екипата на „црвено-црните“ ќе се подготвува за новата сезона во домашниот шампионат на својот тренинг камп, на 17-ти јули е планирано екипата да замине на подготовки во Рогашка Слатина.

Ќе започнат без сега веќе поранешните ,,црвено – црни” играчи Фелипе, Попов, Жуниор и Лира. Другите играчи се очекува да се појават на првиот собир.

фото: ФК Вардар

Во Словенија вардаровата експедиција ќе остане до 2 август и најавено е дека ќе одигра неколку интернационални пријателски натпревари.

Во следните неколку дена ќе следуваат дополнителни информации за текот на подготовките, како и за имињата на противниците.

Како што е добро познато, Вардар нема да може да купува нови играчи во текот на целата нова сезона. Најверојатно неколку млади играчи ќе бидат прекомандувани во првиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот