Вардар-Веспрем, реприза на финалето од Лигата на шампионите

Фото: РК Вардар / Денис Дуковски

Со дуелот против Веспрем денеска (17.00 часот) во Скопје ќе заврши 10. од предвидените 14 кола во групната фаза во Лигата на шампионите. Европскиот шампион Вардар и за овој меч има проблеми со составот, бидејќи дел од играчите се уште се повредени, а дел во процес на рехабилитација.

Ова ќе биде дуел на екипите што во Келн го играат финалето минатата сезона во ЛШ и тимовите што имаат најмногу титули во СЕХА Газпром лигата. Овојпат фаворитската улога „црвено-црните“ ја препуштаат на Унгарците и нашиот репрезентативец Дејан Манасков, токму поради фактот што во македонскиот првак ќе нема на располагање неколку стандардни и клучни ракометари.

На овој дуел ќе го нема и Кристијан Дисингер кој повредата мораше да ја санира со операција. Во четвртокот беше опериран и неговата рехабилитација ќе трае четири-пет месеци.

Неизвесно е дали ќе игра Даинис Криштопанс неизвесен, па во таква ситуација и со доста недоволно опоравени играчи ќе мора Вардар да игра и да смисли нова стратегија да стигне до победа. На првиот меѓусебен меч сезонава одигран во Унгарија, екипата на Веспрем славеше со конечен резултат 39:30.

Во составот има нов голман, па така наместо досегашниот стандарден Артурс Кугис, повикан е Васил Гогов, а се врати Сергеј Горбок.

Вардар: Гогов, Гедбан, Кизиќ, Атман, Чупиќ, Дибиров, Димитриоски, Горбок, Горпишин, Калараш, Криштопанс, Кукуловски, Шишкарев, Сикошек Пелко, Скубе, Стоилов.

На спротивната страна се наоѓаат четири екс играчи на Вардар, Дејан Манасков, Вуко Борозан, Рожерио Фереира Мораеш и Арпад Штербик.

Лига на шампиони

Група „Б“, 10. коло

Мотор Запорожје-Порто 33:29
Кјелце-Мешков Брест 30:24
Кил-Монпелје 33:32
Денеска (17.00 часот) Вардар-Веспрем

Табела:

1.Кил 16 бодови
2.Веспрем 12
3.Кјелце 12
4.Монпелје 11
5.Порто 10
6.Вардар 9
7.Мотор Запорожје 4
8.Мешков Брест 4

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот