Вардар продолжува да тоне, во Загреб го загуби и седмиот натпревар по ред во ЛШ

Анте Гаџа/ фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Ракометарите на Вардар го претрпеа и седмиот пораз по ред во Лигата на шампипоните со што ја продолжија црната серија, а во исто време го загубија и шестото место на табелата кое носи пласман во нокаут фазата.

Вардар вечерва загуби на гостувањето кај ППД Загреб со 23:22 и падна на седмото место на табелата во групата А во пет бода, додека хрватскиот тим е шести со бод повеќе. Повторно техничките грешки во нападот беа одлучувачки запоразот на Вардар.

Првото полувреме помина во моменти кои ги имаа и ркаометарите на Загреб и на Вардар.
Воведните минути му припаднаа на ППД Загреб кој со двата гола на Чупиќ поведе со 2:0. Слабата реализација во нападот на вардарци, односно промашувањата, на Загреб му донесе предност и од три гола (5:2), но потоа следеа моменти за „“црвено-црните“. Вардарци заиграа далеку подобро и во одбраната и во нападот и со серија од 1:6 поведоа со 6:8. Загреб возврати со два брзи гола за израмнување, но Дибиров со два гола од контри му носи предност на Вардар од два гола (8:10).

По ова повторно дојдоа минутите за хрватскиот тим кој направи серија од 4:0 и го поведе со два гола разлика (13:11),а со голот на поранешниот вардарец Иван Чупиќ во последната секунда ја задржа предноста од два гола во првото полувреме.
Тимур Дибиров со три гола беше најпрецизен кај Вардар додека во редовите на ППД Загреб, најрасположен за игра во првиот дел беше Иван Чупиќ со пет гола.

Вториот дел започна со два гола на Вардар преку Дибиров и Валчак за измранување на 14:14. Потоа следеа минути кога се играше гол за гол си до моментот кога Жереми Тото постигна два гола за водство од 16:18, во неколку наврати вардарци имаа напад и за предност од три гола, но не беа прецизни по што во последните 10 минути од натпреварот влегоа со предност од 17:19.

Во 52 минута, Вардар по голот на Дарко Ѓукиќ за прв пат поведе со три гола предност (17:20) со што го натера тренерот на ППД Загреб, Ивица Обрван да побара тајм-аут.

Во следниот напад на домашниот тим, исклучување заработи Жереми Тото по што Вистороп постигна гол за 19:21, а по грешката на Кевин Њокас, домашниот тим со голот на Обрановиќ ја врати неизвесноста. Во наредниот напад Славиќ го одбрани шутот на Гаџа, а Вистороп во 55 минута го израмни резултатот (21:21).
Вардар експресно одговори преку Валчак за 21:22. Во наредниот напад, Тото по трет пат беше исклучен на две минути, а тоа го искористи Кларица повторно да го израмни резултатот.

Срна во 57. минута му носи водство на ППД Загреб од 23:22, а во следниот напад Славиќ го брани шутот на Моралес. Вардар повторно доби шанса за израмнување, во Талески направи грешка и во последната минута влезе со негатива од еден гол. Вардар се одбрани, по што Вујовиќ побара тајм-аут на 13 секунди до крајот на натпреварот.
Оливие Њокас направи техничка грешка што значеше нов пораз на Вардар, седми по ред во Лигата на шампионите.

Дибиров и Тото беа најпрецизни со по четири постигнати голови кај Вардар, додека во редовите на ППД Загреб најдобри беа Чупиќ со пет и Мандиќ со четири гола.
наредниот натпревар во Лигата на шампионите, Вардар ќе го игра во февруари идната година и тоа против Монпелје на гости.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот