Ван де Бек негира договор со Реал Мадрид

Дони ван де Бек

Одличниот холандски репрезентативец и член на Ајакс, минатата недела се најде во центарот на фудбалската јавност бидејќи шпанските медиуми објави оти тој потпишал договор со Реал Мадрид.

Според известувањата, Реал Мадрид платил 55 милиони евра за трансферот на Де Бек кој по завршување на сезоната ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Но, самиот фудбалер во разговор за „Ас“ демантира било како договор со Реал Мадрид.

– Ништо не е официјално и не сум потпишал никаков договор. Состојбата не е променета. За мене се заинтересирани два големи клуба, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, но и Ајакс е голем клуб и во овие моменти не е потребно да се носат било какви одлуки – изјави Де Бек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот