Валона под вода, плажите во Орикум и Јале уништени (ВИДЕО+ФОТО)
Од силното невреме синоќа беше опфатена и Албанија. Најмногу е погодено албанското крајбрежје. Топ Чанел јавува дека поплавени се неколку населби во Валона, додека врнежите со висок интензитет претставуваат закана за градот кој е на врвот на туристичката сезона.
И во плажите на Орикум има големи штети од невремето. Штети има и во Шенѓин, каде туристите утрово наидоа на оштетени возила. Во Скадар, Бурел, Круја од бурата снемало и струја. Проблеми од невремето имаше и во Берат.
Во Врдово, Поградец девет лица биле повредени во собраќајна несреќа, која според полицијата се мисли дека настанала како последица од невремето.
Синоќешната бура го погоди и Јале, Химара. Клан Косова известува дека ветриштата беа толку силни така што и дрвјата биле откорнати.
Сеуште не е информирано за повредени лица, но се дознава дека материјалните штети се големи. Жителите од овој регион велат дека не паметат оти некогаш се случувало вакво нешто во Јале.