Уживајте уште малку во фонтаните, Водовод ги спрема за затворање

Фото: Слободен печат

Претпријатието се подготвува за затворање на фонтаните во пресрет на зимата. Како што информираат од претпријатието Водовод и канализација, надлежно за одржување на фонтаните во централното градско подрачје, станува збор за стандардна процедура, а затворањето на фонтаните ќе се случи до крајот на месецов, но можеби и порано во зависност од временските услови.

-Започната е процедурата за затворање на фонтраните, бидејќи се влошуваат временските услови. За три недели ќе бидат покриени и исклучени. Пред да се затворат фонтаните што ги одржуваме, се прави проверка, се чистат, по што ќе следи период на конзервација се до следната пролет, велат од Водовод.

Во текот на летото, имавме стандардна процедура по која ги одржуваме фонтаните во централното градско подрачје, немавме поголеми посериозни проблеми за разлика од пред две години кога го преземавме одржувањето на фонтаните од Скопје 2014, и забележавме оштетени и украдени делови од фонтаните, додаваат од Водовод.

Фонтаните од Скопје 2014  Воин на коњ, сите фонтани од плоштадот Филип Втори, фонтаната на мостот Око, Прометеј во паркот Жена борец кои беа под ингеренции на Град Скопје, од пред две години се во ингеренција на ЈП Водовод и канализација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот