УЖАСНА ПРАКСА: Во Кина органите за донација се набавуваат на стравичен начин – Слободен печат
ВестиПланета

УЖАСНА ПРАКСА: Во Кина органите за донација се набавуваат на стравичен начин

Широко распространетата пракса да се земаат органи од затвореници и дисиденти во Кина претставува злочин против човештвото.

Праксата да се земаат органи од затвореници и дисиденти и понатаму ја ужаснува светската јавност.

Независен трибунал основан со цел да се истражат овие тврдења, истакнува дека присилното земање на човечки органи кои потоа се користат за трансплантација е геноцидна пракса, пренесува Science Alert.

И покрај официјалните кинески тврдења дека престанале со отстранување на делови од телата на погубените затвореници уште пред неколку години, кинескиот суд во соработка со истакнати правници и организации за човекови права едногласно утврдил дека широко распространетата пракса да се земаат органи од затвореници и дисиденти претставува злосторство против човештвото.

„Заклучокот на судот е дека многу луѓе имаат умрено во страшни услови без никаква причина, како и дека уште многу лица се подложени на сличен третман“, изјавил Сер Џофри Најс. Тој исто така изјавил дека нема доказ дека оваа пракса е прекината.

Извонредно краткото време на чекање за трансплантација во Кина (понекогаш и помалку од недела дена), укажува на голема залиха на компатибилни органи на кои не им се знае потеклото.

Според една студија во 2016 година трансплантирани се 640 органи иако службено потпишани биле само 30 донатори, што укажува дека секој донатор во просек донирал по 21 дел од своето тело.

Енвер Тоти, поранешен кинески хирург кој сведочел на сослушувањата на судот изјавил дека му било наредено „да сече длабоко, и да работи брзо“, кога како млад хирург работел на губилиште во северозападна Кина. Додека ги извлекувал органите на една од жртвите, Енвер открил дека истата почнала да се опира и дека во тој момент сфатил дека човекот бил се уште жив но преслаб да даде било каков отпор.

Заклучоците на овој кинески суд се достапни на веб порталот на организацијата, а целосниот извештај на панелот ке биде наскоро објавен.

Повеќе за ова можете да прочитате тука.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close