Утврден бројот на пратеници во новиот состав на бугарскиот Парламент

Бугарски Парламент/Фото Архива на Слободен печат

Централната изборна комисија на Бугарија објави распределба на бројот на места во 46-то Национално собрание. Како што јави дописникот на МИА од Софија, партијата на Слави Трифонов „Има таков народ” ќе има 65 пратеници, а ГЕРБ-СДС – 63.

За време на состанокот на ЦИК се појавија тензии поради одлуката за почитување на изразената желба на лидерот на ГЕРБ и долгогодишниот бугарски премиер Бојко Борисов да не биде прогласен за пратеник.

Пратеничката група на „БСП за Бугарија” ќе биде составена од 36 пратеници, „Демократска Бугарија” – од 34, од Движењето за права и слободи – од 29, од „Исправи се! Мафијата надвор!” – од 13.

  1. 201 гласачи гласаа – „Јас не поддржувам никого”. Не се избрани независни кандидати.

Прагот од четири отсто за влез во парламентот на Бугарија е 109.266 гласа. Со одлука на Централната изборна комисија четворица избрани пратеници ќе ги ослободат своите места. Бојко Борисов ќе ослободи две места, бидејќи беше лидер во два региона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот