Усвоени законите за Инспекторатот за употреба на јазици и за Академијата за судии и јавни обвинители

Владата попладнево на седница го усвои Предлог-законот за Државниот инспекторат за употреба на јазиците и донесе одлука тој да биде пуштен во собраниска процедура. Инспекторатот како нов орган ќе работи во состав на Министерството за правда.

– Бидејќи станува збор за формирање на нов орган во состав на Министерството за правда, законски е предвидена и организациската поставеност на инспекторатот, како и условите кои треба да се исполнат за избор на директорот и инспекторите во рамките на инспекторатот, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Законот, како што се појаснува во соопштението, се носи со цел надзор врз примената на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија, кој треба да ја гарантира рамноправноста, еднаквоста и непристрасноста при примената на инспекцискиот надзор, како и доследно применување на Законот за употребата на јазиците.

На предлог на Министерството за правда усвоен е и Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители, кој исто така ќе биде пуштен во собраниска процедура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот