УСПЕШНА МИСИЈА: Со Рено 4 поминаа 11.000 километри од Стојаково до Кина, го развиорија македонското знаме на Кинескиот ѕид (ФОТО)

Ѓорѓи Николов и Ѓоко Шуклев успешно ја завршија својата мисија и со нивното Рено 4 поминаа цели 11.000 километри од гевгелиско Стојаково до Кина.

На својот пат до Пекинг Ѓорѓи и Ѓоко имаа една голема пречка која ги затекна на границата помеѓу Монголија и Кина. Според кинеските закони тие мораа да ангажираат туристичка агенција и шофер, за да можат да продолжат да се движат со својот автомобил низ Кина.

Поради тоа решија автомобилот да го остават на аеродромот во главниот град на Монголија Улан Батор, а патот до Пекинг да го продолжат со авион.

Вчера тие беа пречекани од македонската амбасада во Пекинг, а денеска се искачија на Кинескиот ѕид и го развиорија македонското знаме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот