Со „рено 4“ стигнале од Стојаково до Кина, а таму не ги пуштаат зошто немаат шофер (ВИДЕО)

Двајца ентузијасти, Ѓоко Шуклев и Ѓорѓи Николов, со „рено 4“ тргнале од Стојаково на пат за Кина, го поминале цел свет, но заглавиле на монголско-кинеската граница. Граничарите не ги пуштаат да влезат на кинеска територија, бидејќи немаат шофер или туристичка агенција која ќе ги однесе до Пекинг. Кинеските погранични служби побарале „реното“ да го остават на територијата на Монголија, а тие со воз или автобус да ја поминат границата.

Кога  ваделе виза во кинеската амбасада во Скопје, тие информирале дека планираат со „рено 4“ старо 40 години да возат до Пекинг, но никој не им кажаал дека треба да ангажираат кинески возач или туристичка агенција. За да го продолжат патувањето како што го замислиле, побарале помош и во македонската амбасада во Кина и Министерството за надворешни работи.

Инаку тандемот од Стојаково е вљубеник во долгите патувања со олдтајмери. Тие сакаат да покажат дека и во техно-информатичкиот 21 век се уште постојат неоткриени начини кои претставуваат неповторливо доживување.

Шуклев и Николов тргнаа на 29 јуни од Стојаково на авантура долга 23.000 километри. Преку Србија, Унгарија, Украина, Русија и Монголија стигнаа до Кина. Нивната желба беше да дојдат до Кинескиот ѕид и да покажат дека старите возила се издржливи.

Шуклев и Николов минатата година ја реализирале авантура „ Стојаково-Ница“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот