Усман Дембеле ќе биде замената за Килијан Мбапе во ПСЖ?!

фото: EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

ПСЖ одлучи да ја активира откупната клаузула за напаѓачот на Барселона, Усман Дембеле.

Цената за Дембеле е 50 милиони евра, а францускиот клуб ќе се обиде сè да заврши во следните неколку дена.

Наводно, новиот тренер на ПСЖ, Луис Енрике е голем фан на Дембеле и би сакал да го донесе во Париз.

Доколку францускиот шампион не успее да го доведе Дембеле до крајот на месецот, неговата откупна клаузула ќе се зголеми на 100 милиони.

Во моментов најголема пречка за неговиот трансфер е тоа што францускиот фудбалер наводно сè уште сака да остане во Барса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот