Уште точно 100 дена до почетокот на Европското првенство

epa08816456 North Macedonia players celebrate after winning the UEFA Euro qualifying playoff finals soccer match between Georgia and North Macedonia at the Boris Paichadze Dinamo Arena national stadium in Tbilisi, Georgia, 12 November 2020. EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Денеска од УЕФА на социјалните мрежи објавија дека уште точно 100 дена останаа до стартот на 16 по ред Европско првенство (11 јуни – 11 јули 2021 година) кое ќе се организира во 12 градови.

Македонската А репрезентација која за првпат ќе учествува на континенталните собири, се наоѓа во групата „Ц“ со Холандија, Украина и Австрија.

Првиот дуел ќе го играме против Австрија во Букурешт на 13 јуни, четири дена подоцна во романскиот главен град ќе се соочиме и со Украинците, а на 21 јуни во Амстердам ривали ни се можеби најголемите фаворити во групната фаза, Холанѓаните.

Поради ситуацијата со ковид-19 и натаму е неизвесно дали ќе се одржи ова ЕП со навивачи на стадионите. Во изминатиот период беше објавено дека Велика Британија е подготвена да преземе организација на повеќе натпревари од ЕП.

Се најавува дека во наредниот месец УЕФА ќе донесе конечна одлука околу тоа дали ќе ја има поддршката од трибините, со или без навивачи, или со одреден капацитет на стадионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот