Урсула Андрес, првата Бонд девојка, денес слави 85 години, имаше бурен љубовен живот, ја обожаваа Шон Конери, Марлон Брандо и Џемс Дин!

profimedia

Секс симболот на 60 години, Урсула Андрес, е родена на 19 март 1936 во Швајцарија. Беше прва Џејмс Бонд девојка, со бурен емотивен живот,  обожавана од најголемите легенди на филмското палтно, Шон Конери, Марлон Брандо, Жан Пол Белмондо, Џон Дерек и Џемс Дин.

Глумицата Урсула Андрес, првата Бонд девојка, денес гордо слави 85 години

Швајцарсата глумица е родена во добростоечко семејство, со четири сестри и еден брат. Благодарение на нејзиниот татко Ралф, кој бил германски дипломат, а исчезнал во текот на втората светска војна, Урсула израснала како полиглота, зборувајќи течно француски, италијански, германски и англиски јазик.

Кариерата ја почнала како модел, во Рим, а подоцна глумела во неколку италијански филмови.

Со раскошна убавина, за русокосата талентирана актерка брзо дознавале американските филмски студија.  Светската слава ја стекнала со улогата во филмот„ Доктор Но“, станувајќи прва Џејмс Бонд девојка во историјата.  За улогата во филмот добила Голден глоуб награда, а многумина ја помнат сцената како излегува од Карибското море во бел бикини.

Се омажила во 1957 година за глумецот и режисер Џон Дерек, но бракот се распаднал заради нејзината љубовна афера со Жан Пол Белмондо.

Врски имала со многу познати лица од светот на филмот, како Шон Конери, Марлон Брандо, па дури и со Џемс Дин.

Несомнено, таа е најголемиот секс симбол на 60.те години. Глумела и со Елвис Присли во филмот „Фан ин Акапулко“, а четири години подоцна повторно се вратила на Џејмс Бонд филмот, овојпат „Казино Ројал“.

Гола за „Плејбој“ позирала во 1965 година.

На прашањето зашто би се сликала гола, кратко и јасно одговарила „бидејќи сум убава!“

Од акетрот Хари Хемлин има еден син, Димитри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот