Уран во Бик го започнува своето ретроградно движење: Време е да почнете да живеете!

Хороскоп, Фото: PxFuel

Уран во Бик го започнува своето ретроградно движење на 24 август, кое ќе трае до 22 јануари следната година. Неговото ретроградно движење ни овозможува да најдеме нови решенија за старите проблеми. Ова е време на подготовка за пат кон слободата и ослободувањето.

Станува збор за планета која е симбол на (р)еволуција, промени, иновации, место каде што сме поканети да бидеме свои и да придонесеме за подобрување на општеството во кое живееме со сите наши внатрешни благослови.

Неговото ретроградно движење ни овозможува да најдеме нови решенија за старите проблеми. На пример, ако во изминатите месеци се обидовте да постигнете нешто, но ништо не се случи, насочете ја вашата енергија кон внатре.

Овој ретрограден транзит ќе ви помогне да промените нешто во себе, за да постигнете достигнувања во надворешниот свет. Преиспитајте ги вашите ставови и верувања. Начинот на кој постапувате. Некаде постои пречка или блокада што ве спречува да успеете, без разлика дали се работи за љубов или работа.

Само не бегајте од себеси. Секој обид да избегате од соочувањето со себеси по некое време ќе заврши со уште поголема фрустрација, ако не и здравствени проблеми.

Затоа со оваа ретроградна фаза на Уран, кој всушност ќе ја отвори сезоната на ретроградни планети до септември и поголемиот дел од есента, имате можност да станете свесни за тоа што ве кочи од напредокот и постигнувањето на вашите цели, да најдете нови начини за излез од старите проблеми и да разберете каде самите си „подметнувате“ пречки.

Ова е време на подготовка за пат кон слободата и ослободувањето. Сигурно барем еднаш сте се запрашале, зошто некои работи на некои луѓе им одат толку лесно, а вие често паѓате и не успевате.

Одговорот не е во надворешни околности, туку во нас. Затоа, имајте храброст да погледнете во вашите длабочини, соочете се со оние делови од себеси што сте ги отфрлиле, местата каде што сте се ограничиле и сте се врзале во јазол, за да не можете да одите напред или назад.

Прегледајте ги вашите верувања, модели на однесување, начинот според кој живеете. Сигурно е дека можете полесно и поедноставно.

Подгответе се за патувањето до слободата. Дури кога ќе ги одврземе јазлите во нас, ќе започне манифестацијата на она што го сакаме во надворешниот свет. Нова љубов, поголема заработка, подобра работа, здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот