Ураганот Нора усмрти едно лице во Мексико, седум се сметаат за изчезнати

Ураганот Нора во Мексико/ Фото EPA-EFE/Aaron Garcia

Во налетот на ураганот Нора, што ослабна до тропска бура, загина еден човек во Мексико, а седум лица се сметаат за исчезнати, пренесува Ројтерс.

Бурата предизвика поплави и лизгање на земјиштето.

Властите во државата Халиско соопштија дека едно момче од Шпанија загинало откако делумно  се урнала зграда во туристичкиот град Пуерта Валарта по поројните дождови и силните ветрови.

Околу 500 домови беа погодени од поплави, а две лица се повредени при свлечиште. Шестмина рибари од државата Гереро се исчезнати во морето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот