Унгарската претседателка Новак не го коментира азилот на Груевски

Унгарската претседателка Каталин Новак, на заедничката прес-конференција со претседателот Стево Пендаровски, одговарајќи на новинарско прашање, не го коментираше азилот на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија.

Таа рече дека е тоа прашање во надлежност на правосудните орган на Унгарија и изрази задоволство што тоа не влијаело на добрата билкатерална соработка меѓу двете држави.

-Во однос на Груевски, би сакала да кажам дека тоа е во надлежност на нашето правосудство. Многу се радувам што за време на оваа моја посета се уверив оти нашата меѓусебна соработка на ниво на држави се гради и развива успешно, дека имаме добри основи таа и натаму да се развива и дека односите помеѓу унгарските и македонските граѓани се на високо ниво и тоа не влијае на никакви криминални прашања, или на никакви криминални односи, рече унгарската претседателка Новак, одговарајќи на новинарско прашање.

Поранешниот премиер Никола Груевски во 2018 година избега од државата во Унгарија и по скратена постапка доби политички азил од надлежните унгарски власти. Македонските власти бараа негова екстрадиција за издржување на двегодишната затворска казна за набавката на „Mерцедесот“ во случајот „Тенк“ на СЈО, и за настаните во Собранието од 27 април 2017 година, но судот во Унгарија ги одби барањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот