Унгарската претседателка бара Финска и Шведска да влезат во НАТО „што е можно поскоро“

Каталин Новак
Каталин Новак / Фото: EPA-EFE/LESZEK SZYMANSKI

Унгарската претседателка Каталин Новак побара од пратениците „што е можно поскоро“ да го ратификуваат влезот на Финска и Шведска во НАТО. Пратениците денеска почнаа да расправаат за предлозите по неколку месеци без напредок во парламентот. „Тоа е сложена одлука, со сериозни последици, затоа треба внимателно да се размисли“, напиша Новак на Фејсбук.

„Мојот став е јасен: во сегашната ситуација приемот на Шведска и Финска е оправдан. Верувам дека Националното собрание ќе донесе мудра одлука што е можно поскоро“, додаде таа. Сите земји членки на НАТО, освен Унгарија и Турција, го ратификуваа влезот на двете нордиски земји кои аплицираа за НАТО минатиот мај по руската инвазија на Украина.

Пристапувањето на новите членки мора да го ратификуваат сите сојузници, од кои 30, а Турција веќе неколку месеци го блокира овој процес и бара законски измени бидејќи, како што тврди, Шведска сочувствува и ги поддржува курдските терористи.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вчера го повтори повикот до Турција и Унгарија да им дозволат на Финска и Шведска да се приклучат на западната воена алијанса. „Време е да се ратификуваат и целосно да се поздрават и Финска и Шведска како членки“, рече Столтенберг во Хелсинки, говорејќи заедно со финската премиерка Сана Марин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот