Украински војници ќе се обучуваат за ракување со „Патриот” во Оклахома

Ракетен систем Патриот / Фото: EPA-EFE/ATEF SAFADI

САД ќе обучуваат украински воен персонал во воената база во сојузната држава Оклахома, во јужниот дел на земјата, како да се одржуваат и ракуваат со системите за противвоздушна одбрана „Патриот”, соопштги Пентагон.

На крајот на минатата година, САД објавија дека ќе испорачаат такви системи на Украина, што Киев го бара долго време.

Обуката на украинската војска ќе започне следната недела во базата Форт Сил во Оклахома, изјави портпаролот на Пентагон, генерал Пет Рајдер.

Ќе се обучуваат меѓу 90 и 100 украински воени лица, а обуката ќе трае неколку месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот