Украинци шверцувале текила во пилотската кабина

Фото: Профимедиа

Речиси 500 шишиња прошверцувана текила нашле цариниците во авион на аеродромот во Марибор.

Шишињата со мексиканска текила биле скриени во товарен авион, кој долетал од Украина. Царината ги запленила шишињата, а против воздухопловната компанија ќе биде покрената постапка.

Финансиската управа информира дека екипажот на авионот по слетувањето не пријавила товар за царинење, но со преглед веднаш биле најдени 354 шишиња текила ,,Дон Хулио 1942”  во пилотската кабина, во тоалетот и под церадата во товарниот дел на авионот.

Цариниците донеле и куче, кое под подот на авионот намирисало уште 126 шишиња. Вредноста на запленетата текила е 72 000 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот