Украина ги заострува мерките, бројките постојано растат

Киев за време на ковид-19 пандемијата/ Фото EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Украина ги заостри строгите мерки за затворање поради вирусот корона, поради постојаното зголемување на бројот на заразени лица, пренесува Киев Пост.

Властите забранија организирање на масовни настани и го ограничи бројот на луѓе во спортските сали, кината и културните места.

Украинските власти прогласија „жолто ниво на предупредување“, кое претходно беше укинато за да се овозможи олеснување на мерките во текот на летото. Како и да е, владата оваа недела им овозможи на локалните власти да воведат ограничувања до крајот на годината.

Министерството за здравство на Украина објави дека планира да воведе задолжителна вакцинација за наставниците, како и за лицата кои се вработени во државни институции и локални администрации.

Најмалку 2,4 милиони луѓе биле регистрирани за позитивни на коронавирусот од почетокот на пандемијата во Украина, а 55.284 луѓе починаа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот