УЈП: Апликацијата „МојДДВ“ е безбедна

фото: Слободен печат

Од УЈП испратија соопштение во врска со одредените реакции поврзани со наводно нарушување на безбедноста на личните податоци при инсталирање на апликацијата „МојДДВ“,  па оттаму велат дека апликацијата е безбедна за преземање и инсталирање со цел граѓаните да го остварат правото на поврат на 15 % од платениот ДДВ.

Управата уверува дека сите податоци внесени во апликацијата, како што се е-маил адреса и број на трансакциска сметка се сигурни и заштитени од било каква злоупотреба.

Имено, апликацијата „МојДДВ“ граѓаните ја преземаат од Google Рlay Ѕtore, којшто е сервис на мултинационалната компанија Google којашто има строги критериуми од безбедносен аспект, како за самата компанија, така и за корисниците на сервисот.

При симнување на апликацијата не се бараат никакви податоци. Единствено се бара дозвола за користење на камерата.

При употреба на апликацијата е потребно да се најават на системот на УЈП и се користи постојното корисничко име и лозинка. Се користи безбеден криптиран пренос на податоците од корисничкото име и лозинката меѓу телефонот и системот на УЈП.

Во системот за поврат на ДДВ не се чуваат лични податоци освен трансакциската сметка која е поврзана кон кориснички број и не може да се идентификува на кое лице припаѓа.

Оттука Управата за јавни приходи ги уверува граѓаните дека нивните податоци се максимално заштитени и без да стравуваат да ја преземат апликацијата којашто е поставена и на веб страната на Управата http://www.ujp.gov.mk/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот