УХМР: Од утре не очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и можност за поплави

Пороен дожд/ Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Доколку се остварат најавите на синоптичарите за врнежи со голем интензитет за кратко времетраење на одредени помали сливни површини, утре, па и следниот ден, можно е да дојде до поројни истекувања на помалите водотеци и суводолици и до несакани излевања на нивните води кои би можеле да предизвикаат локални проблеми како на крајбрежјето така и на патната инфраструктура која е во нивна близина, предупредуваат хирдолозите од Управата за хидрометеоролошки работи.

Од УХМР велат дека во одредени градски населби можна е појава на локални проблеми поради брзото истекување на водите по улиците, а атмосферските води од олуците приклучени на канализациите можат да предизвикаат комунални проблеми.

Според најавата од синоптичарите при УХМР, утре под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето на повеќе места ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Во четврток ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. .

Хидролозите од УХМР велат дека достапните модели најавуваат потреба од внимателност генерално на пределите, падините и рамнините околу планините Шар Планина, Јакупца, Караџица, Бистра, Баба, Ниџе, Кожуф, Стогово, Осоговието, Огражден и Малешевските Планини и препорачуват внимателно движење особено покрај реките и суводолиците поради можна појава на опасни води и свлечишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот