УЕФА продала едно финале во Лигата на шампионите за 2.4 милијарди евра на Абу Даби?

Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Најмалку едно финале во Лигата на шампионите до 2030 година ќе се игра во Абу Даби. Според информациите на неколку познати светски медиуми УЕФА потпишала договор вреден 2.4 милијарди со Владата на Обединетите Арапски Емирати.

Ваквите најави воопшто не им се допаѓаат на навивачите ширум Европа кои сметаат дека тој потег е исклучиво финансиски мотивиран и дека никој не ги прашал навивачите како ќе присуствуваат на тој натпревар.

Новинарот Франсиско Равадан од шпанскиот „ОК Диарио“ пренесува дека преговорите помеѓу маркетинг тимот на УЕФА и Министерството за култура и Туризам во ОАЕ траеле со месеци и дека на крајот договор бил постигнат, а се било одобрено и од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин.

Наскоро се би требало да биде официјализирано, а договорот би бил потпишан на шест години и ќе важи до 2030.

Медиумите истакнуваат дека овој договор на УЕФА е обид на Чеферин да обезбеди повеќе пари за да ги откаже клубовите од идеите за настап во долгонајавуваната Суперлига. Најавите се дека официјализација ќе следи на 8. февруари на седницата на извршниот одбор на УЕФА.

Исто така градот Абу Даби ќе добие и организација на Суперкупот на Европа кој ќе се игра во формат на фајнл-фор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот