УЕФА подготвува казни за одметниците:  Две години без ЛШ за екипите кои нема да ја напуштат Суперлигата

Учесниците во натпреварувањата под капата УЕФА ќе заработуваат повеќе пари со новиот договор/ фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Како што пренесува „ЕСПН“, УЕФА наводно планира екипите кои останаа верни на проектот европска Суперлига да ги суспендира на две години, односно да им забрани настап во Лигата на шампионите.

Според неименувани извори во европската куќа на фудбалот, „ЕСПН“ дознава дека ваквата одлука би била доволна за екипите кои учествуваа во формирањето на Суперлигата, да се дистанцираат од истата за да избегнат исфрлање од натпреварувањата под капа на УЕФА.

Минатиот месец 12 европски гиганти (Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Челси, Арсенал, Тотенхем, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Јувентус, Интер и Милан) ја формираа Суперлигата, но, по само 48 часа осум тима се откажаа од истата.

Притисоците од УЕФА, владите, медиумите и навивачите ги натераа прво шесте англиски екипи да се повлечат од Суперлигата, а потоа истото го сторија и Атлетико Мадрид и Интер, додека сè уште верни на проектот се Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Милан.

Американскиот медиум додава дека челниците на УЕФА во изминатите десетина дена разговарале со претставници на сите 12 клубови со намера да добие формална потврда дека во иднина нема да работат на заживување на проектот европска Суперлига.

До денеска, УЕФА се договорила со седум клубови, тоа се Арсенал, Челси, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Тотенхем и Атлетико Мадрид, додека блиску до договор е и со Интер.

Останатите четири екипи (Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Милан) и понатаму остануваат на својот став дека сакаат во блиска иднина да се формира Суперлигата, но со тоа ризикуваат да бидат казнети од УЕФА.

Европската куќа на фудбалот може да се повика на членот 51 од нејзиниот статут според кој „нема здружување на клубовите или Федерациите без дозвола на УЕФА“ кој според истата е доволен да се посегне по санкции за клубовите бунтовници.

Од друга страна,двата шпански и италијански тима сметаат дека не ги прекршиле прописите бидејќи од УЕФА и ФИФА барале „признание“, а не „делење“ и дека се чисти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот