УЕФА одлучи што ќе се случи доколку не заврши сезоната!

твитер

Како што информира „Тајмс“, ќе се извади просек на бодови по натпревар, освоени оваа сезона во националните шампионати.

Денеска УЕФА предводена од претседателот Александар Чеферин одржа видео конференција со претставниците на сите 55 европски фудбалски лиги, за да одлучи што ќе биде со фудбалот оваа сезона.

На состанокот е донесена најважната одлука, онаа што беше од интерес за цела фудбалска Европа.

Одлучено е доколку не заврши тековната сезона, за пласманот во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа ќе се погледне досегашниот пласман на клубовите во домашните првенства, а не според  УЕФАклупските коефициенти како што досега се најавуваше.

Не секаде се одржани ист број на мечеви, односно првенствени кола, па така како што информира „Тајмс“, ќе се извади просек на бодови по натпревар, освоени оваа сезона во националните шампионати.

Па така, на пример од англиската Премиер лигатво ЛШ ќе се најдат Ливерпул, Манчестер сити (доколку им ја поништи казната), Лестер и Челзи. Манчестер јунајтед и Шефилд јунајтед би играле во ЛЕ, а Арсенал и Тотенхем би останале без место на меѓународната сцена.

Во таков случај со Првата македонска фудбалска лига, Вардар кој водеше до прекинот на сезоната, ќе стекне право да игра во квалификациите од ЛШ.

Според новите препораки, сезоната во националните првенства во Шпанија, Англија, Италија, Франција и Германија би требало да завршат до 3 август со цел да не се дојде до поклопување со следната сезона 2020/2021.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот