УЕФА молчи за апсењето на Платини, Катар го губи СП?

Европската фудбалска асоцијација одби да даде коментар за апсењето на поранешниот претедател на УЕФА, Мишел Платини.
„Засега немаме никаков коментар во врска со апсењето на господинот Платини“, објавија од УЕФА.

Мишел Платини денеска беше приведен од страна на судската полиција во Париз поради сомневање дека примил мито и помогнал Катар да ја добие организацијата на Сп 2022 година.
Платини ќе биде испрашуван за неговата поврзаност со Николас Саркози, поранешниот француски претседател но и за врските со катарскиот принц Тамим бин Хамад ал-Тани. Обвинителите се сомневаат дека на тој состанок Платини се премислил и наместо да го даде гласот на САД, тој се одлучил да гласа за Катар.

Освен тоа, Платини кој од 2007 година беше претседател на УЕФА, во 2015 година, заработи суспензија поради тоа што добил 1.4 милиони евра мито од тогашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер.

Со последните случувања во кои француската полиција во соработка со колегите од Швајцарија ја интензивира истрагата, се зголемија и притисоците врз ФИФА на Катар да му ја одзеде организацијата на мундијалот во 2022 година.

Притисокот го вршат членови на фудбалските федерации на САД и на Англија, од САД се револтирани бидејќи ја загубија трката со Катар, додека англичаните се први фаворити да бидат организатори на мундијалот Катар остане без организација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот