УЕФА ја започна истрагата, со каква казна се соочува Арнаутовиќ?

Фото: EPA-EFE/Vadim Ghirda

Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска информираше дека ќе ги испита тврдењата дека австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ го навредил репрезентативецот на Македонија, Езџан Алиоски, на национална основа за време на натпреварот на Европското првенство.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) побара од УЕФА да го казни Арнаутовиќ, кој, како што се тврди, упатил навреди на национална основа кон Алиоски, откако тој постигна гол во неделата.

Таткото на Арнаутовиќ е инаку Србин, а мајка му е Австријка. Се очекува во следниот период каква ќе биде евентуалната казна од УЕФА за Арнаутовиќ.

Според дисциплинските правила на УЕФА, играчот може да добие казна од најмалку 10 натпревари за навреда на расна и етничка основа.

Арнаутовиќ веднаш по мечот се извини и рече дека не е расист, но дека некои зборови се изговорени од емоционален набој.

Арнаутовиќ вели дека немало инцидент со Алиоски: Не сум расист

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот