УЕФА ја утна со Баку, многу празни места на стадионот (ФОТО)

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Одлуката на УЕФА, Баку да биде домаќин на финалето од Лигата на Европа се покажа како погрешна и тоа сега и се одбива од глава. Иако никој не претпоставуваше дека токму две англиски екипи ќе играат во финалето, УЕФА категорично одбиваше да признае дека погрешила со изборот.

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Главниот град на Азербејџан е оддалечен повеќе од 6.00 километри од Лондон и поради тоа навивачите на двете екипи но и спонзорите на самата федерација масовно враќаа билети поради слабите авионски линии.

EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Челси на теренот го растура Арсенал, води со 4:1 моментно и покрај мајсториите на „сините“ ова финале ќе биде запомнето и по многуте празни места на олимпискиот стадион во Баку.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот