Убијците на Саздо добија по 19 години затвор

Фото: Слободен печат

Во Кривичниот суд беше соопштена пресудата за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски, случај во кој обвинети се Бесир Беља, Скендер Демири и уште едно лице кое е во бегство.

Обвинетите се прогласени за виновни за убиство на свиреп начин на Никола Саздовски, кој од тешките повреди од тепањето добил внатрешно крварење на мозокот и подоцна починал.

Сите тројца се осудени на по 19 години затвор.

За 15 дена од правосилната осуда, обвинетите ќе треба да ги платат и судските трошоци. За материјалната штета што ја побарало семејството на жртвата Судот одлучи осудените Бесир Беља и Скендер Демири да платат по 1.2 милиони денари на секој член посебно од семејството.

За двајцата обвинети Судот одлучи до правосилноста на пресудата да останат во притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот