Убиени 4 лица во експлозии во Сомалија

Силни експлозии одекнаа денеска во два големи града во Сомалија. Бомбаш самоубиец активираше бомба во пристаниште на главниот град Могадишу, а противтенковска мина била активирана во еден ресторан во предградие на Баидабо, при што загинале четири лица.

Локален висок претставник изјавил дека противтенковската мина била активирана со далечински управувач во текот на утринските часови, кога ресторанот бил полн со гости.

Шефот на полицијата во Могадишу, Ахмед Али нагласи дека бомбаш самоубиец ја активирал експлозивната направа во момент кога со автомобил минувал низ влезот на пристаништето. Во нападот биле повредени пет полицајци.

Засега никој не преземал одговорност за нападите, но неофицијално се обвинува групата Ал Шабаб, која е поврзана со терористичката организација Ал Каеда

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот